8-ма епизода
,,Масима,,
Лира и Кешора се шетаат низ блискиот парк.Се сретнуваат со Јашта и Масима.Лира се чуди која е новата девојка (Масима) а Кешора,Јашта и Масима си се поздравуваат како да се знаат со години.Лира вели ,,Здраво.Јас сум Лира.,, а Масима ја игнорира.Лира навредена си заминува дома.Кешора и Јашта не приметуваат а Масима е радосна бидејќи ја избркала.Тие заедно одат на прошетка низ трговскиот центар.Лира расплакана трча кон својата куќа се средува и се фрла во базенот.Помалата сестра Дина ја прашува ,,Лира што е?,, а Лира ,,Дини уште си мала имаш 11 години за да знаеш што ми е!,, Дина ја остава Лира на мира и ја повикува Криста кај нив дома.Тие се забавуваат и измислуваат кореографии додека Лира скоро цел ден го поминува пливајќи и депресирајќи заради три кокошки.Кешора приметува дека Лира ја снемало и веднаш и се јавува.Никој не и одговара.Кешора оди кај Лира дома но таму Лира и истура супа в лице и и ја затвара вратата.
Поуката е дека ,,Никој не е совршен!,, и дека ,,Не му верувај ни на најдобриот пријател затоа што тоа е маска се додека не се појави некој полош од него таа маска стои мирно!,,